Левица со трет обид за надзорна расправа за трагедијата во Кочани

На денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, како единствена точка на дневниот ред е предлогот на пратеникот и претседател на Комисијата, Димитар Апасиев, за одржување надзорна расправа за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани и институционалните пропусти што доведоа до неа.

Ова е трет обид на пратеничката група на Левица да отвори транспарентен парламентарен процес за утврдување одговорност.

 

Судбината на расправата, како што посочуваат од Левица, повторно зависи од гласовите на пратениците од ДПМНЕ, кои на 4 јуни, заедно со пратениците од ВРЕДИ и ЗНАМ, веќе еднаш гласаа против ставање на оваа точка на дневен ред

Пратеникот од Левица – Борислав Крмов уште во април поднесе иницијатива за расправа, но истата не доби поддршка од ниту еден друг пратеник надвор од редовите на Левица. Потребни беа најмалку 15 потписи за иницијативата да влезе во процедура.

Од Левица апелираат до владејачкото мнозинство да не го блокираат овој процес, посочувајќи дека отчетноста не смее да биде политички избор, туку демократска обврска.

„Граѓаните, а особено кочанчани, заслужуваат одговори. ДПМНЕ утре има шанса да покаже дека нема што да крие,“ стои во соопштението на партијата.

Back to top button
Close