Скопјанец осомничен за телесна повреда при семејно насилство – ja тепал со тупаници и ја гризел мајка му

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во семејниот дом на 8 јуни, во алкохолизирана состојба, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ја повредил неговата мајка. Најпрво почнал да ја навредува, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по лицето и телото и да ја гризе. Од зададените удари оштетената се здобила со телесни повреди.

Имајќи ја предвид пред се опасноста од бегство и ризикот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор

Back to top button
Close