МААЕ: Нема зголемување на нивото на зрачење околу нуклеарните постројки на Иран

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денес соопшти дека нема зголемување на нивото на зрачење околу нуклеарните постројки на Иран, објави Ројтерс.

Американските сили бомбардираа три ирански нуклеарни постројки преку ноќ, вклучувајќи го и Фордоу – подземен објект закопан во планина.

Во меѓувреме, американската вселенска агенција НАСА соопшти дека утрово во два наврати детектирала извор на топлина во објектот Фордоу, објави Си-Ен-Ен.

И двете „траги на топлина“ наводно биле забележани пред американскиот претседател Доналд Трамп да го објави нападот.

Извор: Фокус

Back to top button
Close