Иранска опозиционерка: Време е Хамнеи да си оди!

Марјам Раџави, претседателка на опозицискиот Национален совет на отпорот на Иран со седиште во Париз, вели дека врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, е одговорен за нуклеарната програма која сега „се претворила во чад“ и сега мора да си оди.

„Сега Хамнеи мора да си оди. Иранскиот народ го поздравува крајот на војната и бара мир и слобода“, вели таа во соопштението, по американските напади за кои претседателот Доналд Трамп рече дека ги „уништиле“ клучните нуклеарни постројки на Иран.

„Хамнеи е одговорен за непатриотски проект кој, покрај тоа што одзеде безброј животи, го чинеше иранскиот народ најмалку 2 трилиони долари – а сега, сè се претвори во чад“.

Извор: infomax.mk

Back to top button
Close