ОН: Поради поројните дождови во Јемен, над 300 илјади луѓе останаа без ништо

– Поројните дождови и поплавите оставија 300.000 луѓе во Јемен без своите домови, култури и живи стока во последните три месеци, што само ја влоши ситуацијата во земјата разорена од војна, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на ООН (УНХЦР).

– Во најтешко погодените региони во централниот дел на провинцијата Мариб и покрај бреговите на Црвеното Море и Аденскиот Залив, во последните два месеци загинаа најмалку 148 лица, изјави портпаролот на УНХЦР Андреј Махечиќ на брифингот за новинари во Жeнева.

Поплавите го зголемија притисокот врз многу луѓе кои веќе беа засегнати од тековниот конфликт, вклучително и илјадници внатрешно раселени лица кои беа погодени откако пукна брана во провинцијата Сана, ослободувајќи 250.000 кубни метри вода, јави ДПА.

– Нивото на очај и безнадежност се зголемува, бидејќи најтешката хуманитарна криза во светот достигнува нови длабочини, рече Махечиќ.

Back to top button
Close