Ослободен возачот на камион од Македонија кој беше уапсен во Грција поради сообраќајка со двајца загинати
Македонскиот возач на камион кој беше уапсен во Грција поради сообраќајка во која загинаа татко и син, е ослободен.
Во сообраќајката во која учествувал камионот и автомобил со четиричлено семејство, загина татко и неговиот 13-годишен син, додека неговата сопруга и неговата ќерка биле пренесени во болница.
Сообраќајката се случила на стариот пат Солун – Верија нешто после 16:00 часот вчера. Возачот веднаш бил приведен, но потоа ослободен.
Полицијата извршила увид, по кои ќе се знаат деталите околу несреќата со смртни последици.
Извор: 4news.mk