Избоден 15-годишник на Бит Пазар, 13-годишниот напаѓач е негов роднина
15-годишно момче било повредено со остар предмет синоќа во регионот на Бит Пазар, а според пријавата, нападот го извршил негов 13-годишен роднина.
Како што соопшти МВР, ноќеска околу 01.00 часот во СВР Скопје, 46-годишниот Ч.Х. од Скопје пријавил дека на 28 јуни, околу 21.00 часот, неговиот син бил повреден на подрачјето на Бит Пазар.
„Се работи на расчистување на случајот, а се преземаат соодветни мерки за утврдување на сите околности“, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, сторителот е 13-годишник со кого жртвата е во роднинска врска. Засега не се познати мотивите за нападот, а полицијата води истрага.
Извор: fokus.mk