Петровска до Мицкоски: Не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште, среќна нова 1949
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на социјалните мрежи собјави дека на суд ја добил тужбата преотив пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска.
Пратеничката Петровска во краток коментар на постот на Мицкоски му порача дека спорот завршил само во едно рочиште.
Премиере, само да напоменеме, не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште. Прв меѓу еднаквите. Среќна 1949 година – пишува Петровска на Фејсбук.
Мицкоски обвини дека СДСМ не се промениле и дека продолжуваат да го потценуваат народот со, како што вели, клевети и манипулации. Премиерот подвлече дека граѓаните се доволно мудри за да препознаат вистински вредности, а кариерите, изградени врз измами и политички лаги, тврди тој, нема да траат.