Големи пожари беснеат кај Прилеп и Новаци

Центарот за управување со кризи информира дека до 21 часот на 29 јуни 2025 година се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 23 се изгаснати, додека 2 остануваат активни.

Активни пожари:

  • Прилеп – с. Бешиште: гори сува трева и мешана шума
  • Новаци – с. Градешница: пожар во шума

Изгаснати пожари (дел од поистакнатите локации):

  • Шуто Оризари – Визбегово: повеќе пожари кај хотел „New Star“, Коњски Рид и на ул. 2 бр. 106 (изгорено жито, магацин и отпад)
  • Петровец, Прилеп, Долнени, Василево, Ново Село, Струмица, Валандово, Струга, Кичево, Велес, Чашка, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка и Ранковце: главно пожари на ниска вегетација, стрништа, депонии и жито

Апел од ЦУК:

  • Не палатe огнови, стрништа или отпад на отворено
  • Внимавајте при движење и престој во природа
  • Само со одговорно однесување можеме да ги спречиме пожарите и да го заштитиме животот, имотот и природата.

Извор: 4news.mk

Back to top button
Close