Трагедија во Италија: Се удави 10-годишно девојче со потекло од Македонијa

Трагедија се случи денеска во Италија, откако некаде околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба во близината на Тревизо, се удавило десетгодишно девојче со потекло од Македонија, пренесува „Раи“.

Трагедијата се слкучила додека девојчето се капело со своите браќа. Веднаш била подигната тревога, а пожарникарите и карабинерите брзо пристигнале на лице место. За вадење на телото се погрижиле нуркачите од противпожарната бригада. Потрагата траела долго, се додека не било најдено меѓу карпите.

Девојчето било со своето семејство на попладневен одмор покрај брегот на реката Пјаве.

Според некои медиуми, девојчето било родено во Италија, но нејзините родители биле од Македонија, па се преселиле во Италија.

Back to top button
Close