“Македонец со апел, бара поддршка за решавање на проблемот со чекањето на Евзони!

Фактот што од година на година се поголема е гужвата за влез во Грција во летниот период, принуди еден член од Македонија во групата Грција инфо да напише јавен апел со молба до администраторите на групата, да го искористат своето влијание за да го пренесат огромното незадоволство заради гужвите на границите

„Ова што се случува со години на грчка граница со чекањето по десет саати е целосно надвор од умот! Ги замолувам администраторите на оваа влијателна група за летување во Грција да направат напори да стапат во контакт со владини претставници на Грција, Србија и Македонија и да го пренесат големото незадоволство на пола Балкан и конечно да се реши овој голем проблем! Деца и родители паѓаат у несвест од топлото, возила се расипуваат по пат поради стоење во место со саати со уклучена клима на +50 степени, се прават сообраќајки поради умор од топлото итн.

 

Иако Грција е членка на ЕУ, мора да има начин некако да се забрза протокот на возила и луѓе преку Евзони, затоа што скоро секогаш на Грците или им паѓа системот или имаат два шалтера за поминување а другите седат празни! Барем да се усогласат со македонската полиција и да имаат секогаш исти број на шалтери, а не од македонска страна да има дупло повеќе шалтери а грчката страна да си се лади под клима! Запознаен сум со системот за читање пасоши на македонската страна и тврдам дека е далеку подобро софтверско решение од грчкиот софтвер, истиот чита и процесуира побрзо, а тоа можат да го направат и грците за малку да се убрза!

Инаку, за некој ден започнува ONE STOP системот помеѓу Македонија и Србија и на тие гранични премини мислам дека ќе биде далеку побрзо за поминување.

Оваа година два пати одам за Грција и два пати чекам по четири саати за да поминам, како најголеми криминалци не’ третираат а ние милијарди и милијарди годишно им оставаме за одмор! На страна тоа што секој втор се враќа без таблици во Србија и Македонија и на страна тоа што грчката полиција казнува ако прднеш во сопственото возило и казните се превисоки, додека грците никој не ги чепка! Во случај да ова лудило не прекине, јас и мојата фамилија (а голем дел од мои пријатели истото го мислат) веќе во Грција на одмор не одиме, па на толку малтретирање треба да сме мазохисти да се тоа со години го трпиме!“, напиша тој

Back to top button
Close