Петрушевски во одбрана на Лaтас – Преку Филипче Костадинов се заканувал

„И 15 часа по скандалозната крвна закана на Костадин Костадинов кон новинар СДС молчи. Ова е личен избор на Венко Филипче, тоа е негов градоначалник и партиски функционер. Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов јавно се закани и повика на крвна освета кон новинар. Филипче молчи и одобрува. Костадинов упати продолжена закана по животот на новинарот, потенцирајќи дека врз него ќе биде извршена освета со тешки последици по неговиот живот“ рече на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Тој смета дека „пораката на СДС преку Костадинов има за цел да внесе траен страв кај новинарот, цитирам: „Цела фамилија Костадинови те чека. Не за тужба. Не за медиумски циркус. Туку за суд што ние го држиме. Според наши закони. Наши правила. Наши вредности“. Тој продолжува и вели: „Ова што го направи ќе го носиш како клетва. Ќе ти стои зад секоја реченица. Ќе те демне по секој агол. Ќе ти дојде кога најмалку очекуваш“.

„СДС и Филипче преку Костадинов имаат за цел трајно да го исплашат новинарот и кај него да внесат постојана несигурност. Овој новинар не е цел сам по себе. Ова е тактика на СДС и Филипче за заплашување на новинарите, да не смеат да бидат критички кон нив. На оваа закана не смее да се молчи. Ги повикуваме СДС јавно да се оградат и да го осудат Костадинов, во спротивно ќе докажат дека нападот врз новинарите е нивна партиска политика. Дополнително ги повикуваме медиумските здруженија да го осудат истиот. А воедно, упатуваме апел до ЈО да го повика Костадинов и да го праша дали и како планира да ја изврши осветата, за која сам пишува дека е од траен карактер, а потоа и да поведе постапка против него“ рече Петрушевски

Back to top button
Close