Изгоре автобус на ЈСП

Вчера во селото Грушино, во близина на Арачиново изгорел автобус на ЈСП Скопје. Пожарот избувнал ненадејно, при што за кратко време огнените јазици го проголтале целото возило.

На местото на настанот брзо реагирале противпожарни екипи, кои со навремена интервенција успеале да го локализираат и изгаснат пожарот.

Се уште не се познати причините за пожарот сè уште се утврдуваат. Се очекуваат повеќе информации и детали од МВР и ЈСП.

Back to top button
Close