Арсовска објави список на децата „урбани милионери“ што граделе од 5 години
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска преку Фејсбук статус објави список на децата милионери кои граделе гради додека имале пет до 13 години. Таа ги повика институциите да го потврдат тоа,а во спротивно најабви групна тужба во Стразбур.
-Не можам да пријавам пред три години криминал кој Висар Ганиу со фалсификати го направил на 20 март оваа година среде денови на жалост за Кочани. Што ќе се случува следно? Најголемиот криминал сега по обезбедените докази лесно ќе се потврди со текот и потеклото на парите кои децата милионери не можат да го докажат. Врз основа на доказите доставивме до институциите барања да утврдат, согласно документите кои ги издал Висар Ганиу, од кои извори им се милионите на следните лица:
Бујар Аземи кој градел згради на 15 години!
Бесим Аземи кој градел згради на 11 години!
Јасин Садики кој градел на 5 години!
Адис Беќаровски кој градел на 5 години!
Севда Лимани која градела на 16 години!
Побаравме од институциите да утврдат како на 5, 11, 15 и 16 години, без лична карта, без деловна способност овие деца потврдиле во општината Чаир дека граделе и како Висар Ганиу со фалсификати им легализира небезбедни згради!
На крај групна тужба до Стразбур од сите кои купиле стан од криминалциве во Чаир, за општина Чаир и лицата кои ги граделе, да ги обештетат и да им ги вратат парите. И највисоки казни за тоа што дозволиле да се градат небезбедни згради без испитана сеизмика, без проект, без архитектура, без статика, само веројатно од час по ликовно на блок број 2 нацртан цртеж од овие 5 годишните милионери!-стои во ФБ статусот на Арсовска за скандалот за кон премиерот, владата и институциите молчат