Од обвинувања до партнерство: Министерот Муртезани склучил договор со фирма која порано тој и Влен ја обвинуваа за криминални тендери ДУИ
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, потпишал договор за соработка со компанијата АРБЕРИЈА-ДИЗАЈН ДООЕЛ од Тетово – фирма која во минатото беше во центарот на јавни обвинувања за блиски врски со ДУИ и сомнително добиени државни тендери, објави порталот PressOnline.
Договорот е потпишан на 23 април 2025 година, и е во вредност од 500.000 денари со вклучен ДДВ. Се однесува на набавка на печатени и промотивни материјали за потребите на Министерството, како брошури, книги со лого, пенкала, УСБ-а, торби, знамиња и промотивни паноа.
Оваа компанија во минатото беше жестоко критикувана токму од Алтернатива и коалицијата ВЛЕН, за доминација во тендери на институции под водство на ДУИ и за наводни политички услуги. И самиот Муртезани, додека беше во опозиција, јавно ја обвинуваше Арберија Дизајн. Дали и Муртезани стана дел од „играта“ што некогаш ја осудуваше? Или во Северна Македонија се менуваат само имињата на партиите, а врските со блиските бизниси остануваат исти? Овој развој се случува во исклучително чувствителен момент за земјата. Северна Македонија сè уште не ги реализирала уставните измени, а недостатокот на реформи го загрозува европскиот пат. Според Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, доколку државата не ги исполни обврските до 2027 година, ветените милијарди евра би можеле да бидат вратени.