Професорот Трајковски до Кочовска: Ние долгот сега не можеме да го враќаме, а камо ли уште 7 милијарди да се задолжиме
Министерката за финансии изјавила: “Претпријатијата кои во иднина ќе треба да донесат каков-таков развој или стабилност со инвестициите кои што се најавуваат, ИМААТ ОГРОМНИ ДОЛГОВИ, најмногу кон финансиските институции кои ги кредитираат тековните и идните проекти.
Понатаму, рече дека државата не создава буџетски суфицит за да го намали јавниот долг, туку ПОЗАЈМУВА ЗА ДА ВРАТИ СТАР ДОЛГ.
Со други зборови, немаат начин да ја раздолжат државата (како што не убедуваа до вчера), туку мораат одново да се задолжуваат.
Инвестирањето во губитниот проект со пругара дополнително ќе ни натовари нов долг, што никогаш нема да можеме да го отплатиме. Ќе ни биде се потешко да најдеме и нив заемодавач за да го рефинансирање долгот, а нема да бидеме во состојба ни каматите да ги плаќаме, па долгот ќе расте експоненцијално.
Дали тоа ни треба? Уште ли не сфаќаат, власта и граѓаните, каква штета се спремаат да ни нанесат?