Лишен од слобода возач во Македонски Брод, управувал возило под дејство на алкохол

МВР соопшти дека вчера е лишено од слобода лице од село Горни Манастирец, Македонски Брод, кое управувало возило под дејство на алкохол. При контрола, му биле измерени 2.66 промили алкохол во крвта.

-Вчера во 12.14 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод на ул. „Маршал Тито“ во Македонски Брод го лишиле од слобода З.С. (56) од с.Горни Манастирец, Македонски Брод. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фиат” со регистарски ознаки од Македонки Брод, кое З.С. го управувал и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно биле измерени 2.66 промили алкохол во крвта, информира МВР.

З.С. е приведен и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава

Back to top button
Close