Анкетите, членството или раководството на СДСМ: Што му пресуди на Костадинов да не трча повторно за Струмица.

Висок функционер на СДСМ вели дека на анкетите Костадин Костадинов стоел полошо од Марјан Даскаловски во руралните средини, но, според него, главната причина зошто нема да биде кандидат за градоначалник на Струмица е револтот во членството кон него. Сепак, Костадинов ги отфрла овие наводи, истакнувајќи на анкетите водел 3:1. Според него, раководството на СДСМ нема изграден рационален пристап.

Во најголем број од општините под контрола на СДСМ, опозициската партија одлучи на претстојните локални избори да настапи со актуелните градоначалници.

Но, исклучок беше Општина Струмица, каде СДСМ на чело со Венко Филипче одлучи да не го кандидира актуелниот градоначалник Костадин Костадинов, туку да истрча со Марјан Даскаловски, претседател на Советот на Општина Струмица и прв човек на струмичкиот комитет на СДС

Ваквата одлука предизвика револт кај Костадинов, кој најави дека ја замрзнува внатрепартиската активност и дека ќе започне со „креирање на ново интерпартиско делување“. Воедно, најави и можност да се кандидира како независен кандидат за градоначалник на Струмица, но подоцна се повлече од оваа идеја.

По ваквиот развој на настаните, се наметна прашањето зошто СДСМ повторно не го кандидираше Костадинов и со тоа предизвика опасност од ново раслојување на гласачкото тело?

Во таа насока, одредени аналитичари оценија дека на СДСМ во Струмица може да му повтори Куманово, каде, за потсетување, на претходните избори Максим Димитриевски победи самостојно откако не ја доби довербата од СДСМ тогаш на чело со Зоран Заев.

Сепак, од СДСМ не стравуваат дека она што се случи во Куманово може да се повтори во Струмица. Од таму тврдат дека за одлуката да не се кандидира Костадинов нема никаква заднинска игра или калкулација, туку таа единствено се базира на резултатите од анкетите и на расположението меѓу членството.

–Костадинов и Даскаловски на анкетите беа тука некаде, со тоа што во руралните средини Костадинов беше послаб. Но, главната причина е револтот кај членството. Огромен број на луѓе не го поддржуваат Костадинов за разлика од Даскаловски – ни изјави висок функционер на СДСМ, кој уверува дека претходниот лидер Заев не се мешал во ниту една одлука.
Висок функционер на СДСМ вели дека на анкетите Костадин Костадинов стоел полошо од Марјан Даскаловски во руралните средини, но, според него, главната причина зошто нема да биде кандидат за градоначалник на Струмица е револтот во членството кон него. Сепак, Костадинов ги отфрла овие наводи, истакнувајќи на анкетите водел 3:1. Според него, раководството на СДСМ нема изграден рационален пристап.

Во најголем број од општините под контрола на СДСМ, опозициската партија одлучи на претстојните локални избори да настапи со актуелните градоначалници.

Но, исклучок беше Општина Струмица, каде СДСМ на чело со Венко Филипче одлучи да не го кандидира актуелниот градоначалник Костадин Костадинов, туку да истрча со Марјан Даскаловски, претседател на Советот на Општина Струмица и прв човек на струмичкиот комитет на СДСМ.

Ваквата одлука предизвика револт кај Костадинов, кој најави дека ја замрзнува внатрепартиската активност и дека ќе започне со „креирање на ново интерпартиско делување“. Воедно, најави и можност да се кандидира како независен кандидат за градоначалник на Струмица, но подоцна се повлече од оваа идеја.

По ваквиот развој на настаните, се наметна прашањето зошто СДСМ повторно не го кандидираше Костадинов и со тоа предизвика опасност од ново раслојување на гласачкото тело?

Во таа насока, одредени аналитичари оценија дека на СДСМ во Струмица може да му повтори Куманово, каде, за потсетување, на претходните избори Максим Димитриевски победи самостојно откако не ја доби довербата од СДСМ тогаш на чело со Зоран Заев.

Сепак, од СДСМ не стравуваат дека она што се случи во Куманово може да се повтори во Струмица. Од таму тврдат дека за одлуката да не се кандидира Костадинов нема никаква заднинска игра или калкулација, туку таа единствено се базира на резултатите од анкетите и на расположението меѓу членството.

–Костадинов и Даскаловски на анкетите беа тука некаде, со тоа што во руралните средини Костадинов беше послаб. Но, главната причина е револтот кај членството. Огромен број на луѓе не го поддржуваат Костадинов за разлика од Даскаловски – ни изјави висок функционер на СДСМ, кој уверува дека претходниот лидер Заев не се мешал во ниту една одлука.

Извори блиски до Заев на кој се повкува Костадинов во интервју за Локално дека тие од раководството што не му дале повторни шанса да се бори за градоначалник на Струмица му замерувале што е лојален на екс лидерот на СДСМ Заев тврдат дека тој не се меша но Филипче има целосна подршка од екс лидерот Заев и ја има и подршката во избор на кандидат на СДСМ за иден градоначалник

Back to top button
Close