Елон Маск најавува формирање политичка партија: Крај на двопартискиот систем на демократи и републиканци?

Контроверзниот бизнисмен и сопственик на SpaceX, Елон Маск, не ги крие своите политички амбиции откако администрацијата на Трамп дојде на власт, а по несогласувањето со Доналд Трамп, го напушти својот тим.

Откако повеќе не ја предводи Канцеларијата за ефикасност на владата (DOGE), Маск станува сè покритичен кон владејачките структури и политики во САД, промовирајќи некои алтернативни политички опции.

„Денот на независноста е совршено време да се запрашате дали сакате независност од двопартискиот (некои би рекле еднопартиски) систем! Дали треба да ја формираме Американската партија?“, ги праша Маск своите следбеници на X.

Според него, постои демократски потенцијал и простор за нова партија што би била клучна во процесот на донесување на најважните одлуки во САД.

„Еден начин да се спроведе ова би бил да се фокусираме само на две или три места во Сенатот и осум до десет окрузи во Претставничкиот дом. Со оглед на многу тенкото законодавно мнозинство, ова би било доволно за да се обезбеди одлучувачкиот глас за контроверзните закони, осигурувајќи дека тие ја одразуваат вистинската волја на народот“, додаде Маск.

За време на изборната кампања, Маск силно ја поддржуваше политиката на Доналд Трамп, како и неговата кандидатура, поради што политичкиот резултат во голема мера се припишува на социјалните мрежи и целата инфраструктура што тој му ја обезбеди на Трамп.

Back to top button
Close