Пожарот во Геге кој ја зафати и Психијатриската болница Бардовци е под контрола
Во меѓувреме бригадата за противпожарна заштита интервенира во гаснење на пожарот над патот кон ГП „Блаце“ со пет возила и 20 пожарникари
Фотографија од граѓанин
Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва соопшти дека е под контрола пожарот во населбата Геге во општина Ѓорче Петриов кој се проширил кон населбата Бардовци и зафатил дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја.
– Пожарот претставуваше опасност да се прошири во целиот комплекс на болницата. Веднаш беше пристапено кон евакуација на пациентите и персоналот, кои беа безбедно изнесени надвор. Во моментот, пожарот е ставен под контрола и нема потреба од дополнителна воздушна поддршка, соопштија од ЦУК.
Во меѓувреме бригадата за противпожарна заштита интервенира во гаснење на пожарот над патот кон ГП „Блаце“ со пет возила и 20 пожарникари