Забрана за товарни возила, се пренасочува сообраќајот кај Блаце
Сообраќајот за патнички моторни возила е пренасочен кон село горно Блаце по стариот пат кон село Бањани, Глуво и Скопје

Поради големиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е пренасочен за патничките возила, а во прекин е за товарните моторни возила, информира МВР.
Воспоставен е посебен режим на движење на возила од Граничен премин Блаце кон Скопје. Сообраќајот за патнички моторни возила е пренасочен кон село горно Блаце по стариот пат кон село Бањани, Глуво и Скопје.
Воспоставен е посебен режим на движење на возила и во правец од Скопје кон Граничен премин Блаце.
Сообраќајот од Скопје кон граничниот премин е пренасочен по регионален пат Р 22 39 кон село Бразда, Село Глуво Горно Блаце.
Претходно службите информираа дека 10 тони вода се истурени денеска со хеликоптер на овој пожар, кој засега се уште не е под контрола.