Стигнале пријави за мито побарано од медицинари – уште не е пријавено до правосудството

Граѓани пријавиле барање на мито од страна на медицинари, кажа Азир Алиу, министер за здравство. Но, засега ова е непријавено до правосудните институции. Посочува дека тие прво ќе ги проверат пријавите, па ќе видат што понатаму.

Алиу одби да каже кои клиники биле пријавените, како и дали се од скопскиот Клинички центар.

„Прва фаза е, не е добро да именуваме клиники.. Ќе нѐ оставите недела-две. Имаме методологија, свесни сме дека кога креираме систем треба да одговараме“, рече Азир Алиу, министер за здравство

Back to top button
Close