Скопјанец возел со 3,08 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна несреќа
Во СВР Скопје вчера околу 16 часот пријавена е сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу булеварите „Србија“, „Трета Македонска бригада“ и „12 Македонска бригада“ во Скопје.
Во несреќата учествувале две патнички возила, „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.К. (60) од Скопје, и „Опел Антара“, исто така со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.К. (23) од Скопје.
Како што соопшти денеска МВР, во несреќата со тешка телесна повреда се здобил И.К., а со телесни повреди се здобиле Ф.К. и неговиот сопатник П.Б.(19) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, во 18:30 часот И.К. бил лишен од слобода.
Според полициски информации, утврдено е дека го управувал возилото под дејство на алкохол, со измерени 3,08 промили алкохол во крвта.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава