Изгубените животи не може да се конвертираат во пари – вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не сака да ги коментира барањата за финансиска помош на родителите за загинувањето на нивните блиски кои починаа во шожарот во Кочани.

-Ние сме во постојана комуникација со дел од родителите и дел од семејствата на починатите во трагичната несреќа и како Влада ќе сториме сѐ што е во наша моќ да го олесниме животот на тие семејства, исто како што сме постојано во комуникација со дел од повредените и со семејствата на дел од повредените. Така што, сѐ што треба ќе сториме како Влада, за да го олесниме нивниот живот и нивното опоравување. Не сум добил такво барање, разговараме, има повеќе барања, тековно ги решаваме тие барања и така натаму. Ве молам да го задржиме достоинството затоа што се изгубени човечки животи и тоа да се конвертира во пари, не би сакал да одговарам на такви прашања – рече Мицкоски.

Back to top button
Close