Лишен од слобода скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров                                

                               
Вечерва (07.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода Д. Н. (57) од Скопје поради основи на сомнение дека околу 21.40 часот подметнал пожар односно запалил сува трева во тревникот на ул. “Стево Црвенковски” во Ѓорче Петров. Д.Н. бил забележан од граѓанин, кој пријави во СВР Скопје, а полициски службеници веднаш преземаа мерки и активности и сторителот е лишен од слобода. 
 
По документирање на случајот, против Д.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close