Најмалку осум повредени во невремето што попладнево го зафати Белград

 

Најмалку осум лица се повредени во невремето што денеска попладне околу 14 часот го зафати Белград.

Невремето беше проследено со силен ветар, дожд и град, а на речиси целата територија на Србија во сила е црвен метеоаларм поради опасност од невреме проследено со грмотевици.

Во невремето се повредени најмалку осум лица, од кои едно потешко. Се работи за 25-годишен маж кој се здобил со повреди откако во белградската населба Сурчин врз него се срушил покрив. Тој со повреди на главата е префрлен во Клиничкиот болнички центар Земун.

 

Во овој клинички центар се пренесени и две жени на 31 и 73-годишна возраст кои се здобиле со полесни повреди при уривање на метална натстрешница во Нов Белград. Меѓу повредените се и жени на возраст од 59 и 46 години.

 

Поради невремето, делови од Белград останаа без електрична енергија, некои куќи останаа без покриви, а во белградската населба Жарково се запали трансформаторска станица. Во сила беше и краток прекин на сообраќајот на аеродромот „Никола Тесла“, кој подоцна се нормализира.

Back to top button
Close