Во Центар се запали возило на МВР, двајца полицајци побарале лекарска помош поради чад
На 09.07.2025 околу 12.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, настанал пожар во патничко возило, сопственост на МВР.
Според пријавеното, додека полициски службеници извршувале службени дејствија, возилото се запалило.
Двајцата полициски службеници побарале лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“-Клиника за токсикологија поради вдишан чад.
Пожарот е изгаснат од полициски службеници кои биле на местото на настанот.