Ванковска со критики до Сиљановска: Седната до премиерот, нема меракот да го расипува со нападнатата Арсовска

Професорката и поранешен кандидат за претседател на државата, Билјана Ванкоска го критикуваше молкот на актуелната претседателка, Гордана Сиљановска-Давкова за нападот врз градоначалничката Данела Арсовска пред два дена во општина Чаир.
„Помеѓу Изет Меџити и Панче Тошковски, а седната до Премиерот и сопругата, вие сериозно очекувате да се разбуди “субверзивната” претседателка ? (Така се самоименуваше за време на кампањата). Колку културни луѓе, вљубени во убави и фини нешта, нема меракот да го расипуваат со нападната градоначалничка на Скопје“, објави Ванковска, споделувајќи ја фотографијата од официјалниот Фејсбук профил на претседателката која вчера присуствуваше на отворењето на „Охридско лето“.