Се запали стан во Струмица

Денеска во 11.25 часот ТППЕ Струмица нтервенираше на пожар во запален стан на улица М.Х.Јасмин.

Од таму велат дека пожарот бил во разгорена фаза, започнат од кујната и веќе ги зафаќал сите простории во станот при што чадот се ширел низ целиот влез кон погорните катови.

„Благодарение на брзата интервенција пожарот е навремено изгаснат и е спречено настанување на поголема материјална штета и загуба на човечки животи. Во случај на пожар или друга елементарна непогода, јавете се на бесплатниот телефонски број“, велат од ТППЕ Струмица.

 

 

Back to top button
Close