Државјанин на Албанија приведен со пиштол и муниција

Вчера во 11.45 часот во Тетово, полициски службеници СВР Тетово го лишиле од слобода Е.К.(32) од Република Албанија, со престој во Тетово.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки“ со празна рамка и 11 куршуми, а за кои не поседувал никакви документи.

Тој, како што соопшти полицијата е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

 

Back to top button
Close