Таравари ќе се бори за Гостивар, Бујар Османи за Чаир?

Во рамки на договорот за распределба на градоначалнички кандидати во коалицијата „Европски фронт“, неофицијално дознаваме дека Зијадин Села ќе влезе во трката за Струга, додека Арбен Таравари, по пауза од еден мандат, се враќа во битката за Гостивар, каде веќе претходно беше градоначалник, пишува Скопје1.

Поранешниот министер за надворешни работи, инаку по професија лекар – хирург, Бујар Османи ќе се кандидира за Чаир, а коалициските партнери се согласиле ДУИ да се откаже од кандидатурата на Рамиз Мерко во Струга.

Партијата на Села ќе има кандидати и во Дебар, каде во игра е Тирон Јајага, како и во Арачиново со Дритон Небиу.

ДУИ пак ќе настапи со свои кандидати во повеќе општини: Еркан Арифи за Липково, Бајрам Реџепи за Тетово, Бесник Емшиу за Боговиње, Емир Сулејман за Желино, Аркин Јахији за Брвеница, Суат Шакири за Чашка и Алија Јаоски за Пласница.

Таравари и неговата политичка структура ќе настапат и во Врапчиште, каде ќе го поддржат Исен Шабани, како и во општина Сарај со кандидатот Блерант Рамадани.

Официјална потврда од коалицијата засега нема, но очекувањата се дека договорот наскоро ќе биде обелоденет

Back to top button
Close