Според ВРЕДИ ДУИ режирале, Блерим командувал, а Данела “удрила по Албанците”

Соопштение на Влен:

Bо изминатите месеци бевме сведоци на спектакуларно режирана акција на ДУИ, во која главен удар беше насочен кон семејството на припадник на ОНА.

Од преку 20 000 нелегални објекти низ Скопје, токму неговата скромна куќа беше избрана за демонстрација насила.

Зошто? Затоа што претходно истиот човек беше избркан од работа по налог на луѓето на Блерим Беџети. Тоа не е случајност, туку пресметана порака: „Ако не сте со нас, ќе ве нема.“

Истата рака на Блерим Беџети се гледа и зад лажната наратива што ДУИ ѝ ја продава на македонската јавност, дека на удар се „Командант Барути“, додека вистинскиот човек зад приказната е неговиот брат. Давејќи се во маглата на дезинформациите, останува да се види кој навистина ги влече конците и во чија корист се одвива оваа дива предизборна драма.

Ова не е прв пат Блерим Беџети и неговите соработници да го креваат стапот над главите на своите сограѓани Албанци.

Да се потсетиме на август и ноември 2022 година, кога во ЈП „Комунална хигиена“, под маската на “рационализација”, биле отпуштеми 112 работници, од кои мнозинството беа Албанци. Некои од нив беа заменети преку ноќ со нови, партиски подобни кадри. “Или ќе го прекинете штрајкот или ќе ве замениме” ова е нишката што поврзува сè: од заканите во ноќта на 27 мај 2023 година, до денешниот притисок врз ветераните на ОНА.

Што е заедничко во сите овие настани? Лицата и парафите на Блерим Беџети и Данела Арсовска:

* Заеднички договори склучени далеку од очите најавноста;

* Партиски именувања во „Комунална хигиена“ и другите јавни претпријатија под надлежност на Град Скопје што треба да им служат на сите граѓани;

* Координирани теренски акции насочени кон населби каде што живеат Албанци, со цел да се испрати порака на страв и покорност.

Почитувани,

Ова сега не се само поединечни злоупотреби, туку образец на однесување. Партија што некогаш се гордееше со борбата, денес ги предава токму своите борци, ги става на столбот на срамот заради пуста пропаганда и опстанок навласт.

Затоа, јавно прашуваме:

1. Кој намерно прави притисок кон одредени поединци?

2. Зошто ДУИ свесно ја шири лага за борци на ОНА?

3. Дали ова е уште едно предупредување од ДУИ до секој ветеран што ќе проговори?

4. Како објаснуваат Блерим и Данела дека од над 20 000 објекти во Скопје само еден беше таргетиран?

5. Кој ја повика инспекцијата и полицијата и врз основа на кои критериуми?

6. Кој го потпиша списокот за отпуштања во „Комунална хигиена“? Кој го напиша? Дали Блерим Беџети лично?

7. Колкава е вистинската финансиска спрега меѓу Град Скопје и фирмите блиски до Беџети? Дали стравот од изборите и одењето на Данела ја создава целата нервоза?

8. Колку од отпуштените 150 Албанци добија нова работа и под кои услови?

 

Нашите барања се јасни и недвосмислени:

* Јавното обвинителство веднаш да отпочне предистражна постапка за улогата на Блерим Беџети во злоупотребата на службената положба и во поттикнувањето етничка омраза во последните месеци во Скопје.

* Инспекциски надзор врз сите договори на Град Скопје во изминатите три години;

* Итно враќање на работа на неправедно отпуштените работници и обесштетување за поминатиот период.

Back to top button
Close