А да гласаме за џелатот?!

Самујел Џонсон вели „Национализмот е последно прибежиште за никаквецот“. Oти никаквецот сам по себе знае да произведува само минато и неизвесност. Знае да лекува и кога лекот е полош од болеста. Знае нормалноста да је претвори во здодевност!

Во книгата „Историјата на еден Германец“ авторот Себастијан Афнер (вистинското име му е Рајмунд Прецел), ги третира случувањата меѓу 1914 и 1933 година во Германија. Авторот смета дека семето на фашизмот никна по Версајскиот договор.

Авторот детално го опишува менталниот склоп на просечниот Германец во услови на пораз и криза. Понижени од странците и хипнотизирани од Хитлер, Германците почнале да го бараат најлошото. Милијарди луѓе ширум светот ќе ја платат цената. Секој што би бил против таков Хитлеров фашизам бил анатема на мотото „Ако не си наш човек, воопшто не си човек“. Фашизмот стана моќен отров против нормалноста уништувајќи стотина милиона човечки судбини.

Многу години подоцна, слична атмосфера опиша Богдан Богдановиќ (тогашен член на југословенското претседателство од БиХ), кој, иако беше Србин, остро се спротивстави на политиките на Милошевиќ во 1990-тите. Но, сепак,„нац-патриотизмот“ на Милошевиќ доведе до над 300 илјади жртви и над 3,5 милиони прогонети или раселени лица. Меѓу стотина автопатишта национлистот избира слеп и трнлив пат. Илјадници семејства беа растргнати, куќи изгорени, деца убиени. Поранешната рајска држава заврши средe пеколот каде што многу луѓе изгореа. Токму поради такоб ментален код, слично на нашиот,

Германија била уништена и поделена. Имено, национализмот и фашизмот како феномени честопати се базираат на емоции, наместо на разум. Илјадници може да бидат третирани како „патриоти“, а милиони други како „предавници“. По едно време на луѓето им станува сеедно, а од „сеедното“ никој се нема вратено.

Авторот на книгата вели дека „Нацио-патриотизмот е некаков француски изум со цел од луѓето да направи добиток“, оти единствената идеал на националистите е власта и парите. Тие се збогатуваат продавајќи илузии. Патриотизмот кај нив е чиста фарса. Тој што ја сака својата нација, никако не е можно да ги мрази другите нации. Ама сепак постојната власт прави пријатели насекаде кај што се непријателите на западниот свет!

Писателот Рудолф Рокер вели дека национализмот е примитивна религија на модерна држава, која се повикува на патриотизам. А вистинскиот патриотизам претпоставува осудување на туѓ национализам, само откако ќе расчистите со својот. Данило Киш вели дека сите националисти по дефиниција се незнајковци, луѓе навикнати да етикетираат и да се движат по линијата на најмал отпор. Тие кај грешките учаат тактика на повтпрување, а за нашиот народ за жал не постои грешка што не може да ја прости!

Повампирува ли национализмот кај нас?

Во принцип, национализмот не се води од логосот „секогаш на страната на најсилниот“. Тој се бори откако ќе ја избере страната, убедувајќи ги масите (а и себеси) дека е најсилен и се држи до такво верување дури и кога фактите го побиваат. Затоа и неговиот пад скоро секогаш е ненадеен. Тој паѓа токму кога се мисли дека е најсилен. Такви се сите диктаторски режими кои не внимаваат на социјален баланс. Минатата власт падна поради аздисеност, до ниво играње фудбал по институции. Такво фалење ја хранел етничката хомогенизација кај мнозинската нација и го добивме тоа што најмалку ни требаше. Добивме власт со слаба опозиција, ама во голема мера со оспорен етнички легитимитет. Сега пак сме пред крстопат кој ни изгелда како кружен тек. Пак ни се случува етничка хомогеницација и поларизација. Башка антизападна политика и антизападни регионални коалиции. Уживаме со недемократските режими на Белград, Будимпешта и Бања Лука. А Брисел сме го врзале за столбот на срамот! Нема поголем доказ дека се коцкаме со нашиот џелат.

Макотрпно изградената свест за заедничка држава сега е урната како кула од карти. Албанското брзо интегрирање во ЕУ е знак дека за Западот веќе не има отпишано. Преуморни се од нас. Дури сега сме пред тотална неизвесност која ја негуваме цели 35 години. Можеби западњаците во однос на нас мислат дека подобро ужасен крај отколку ужас без крај. Веројатно „ужасноста“ тие ја гледат кај политиката и реториката на челништвото на ДПМНЕ и владата која демократијата, толеранцијата и заедништвото ги доведе до кома!

Странците стравуваат за оваа држава, која веќе 35 години талка по флуидни или периферни работи, кои со упорна глупавост ги третирала за „есенцијални“. Додека другите држави гледаа само напред, ние се вративме назад во антиката. Бугарија беше многу зад нас, ама со добра политика ги фати сите дванаесет жолти ЕУ ѕвездички! А ние останавме под отворено небо. Тука и сонцето веќе не е звезда. И упорно со главата по ѕидот, сакаме да докажеме дека главата е поцврста од ѕидот,повторувајќи ја глупавата фраза – „ќе нè биде ли“?!

Бројни дипломати велат дека кога само една силна држава би се однесувала како Северна Македонија, цело време ќе имавме некакви големи војни! Како такви и умот не можеме да го вратиме, оти сме му ваделе еднонасочна карта. А и разбрал дека нешто сериозно не е во ред со нас што и по 35 години не рабравме дека не постои идентитет кој се губи. Се друго вредно лесно се губи, и тоа се гледа по нас! А допрвао ќе се гледа!

Мерсел Биљали

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close