Излетниците во Маврово добија вреќи за да си го соберат ѓубрето после пикникот

Во продолжениот првомајски викенд, Јавното претпријатие „Маврово“ спроведува активност за зачувување на чистотата во поширокиот мавровски регион, кој традиционално привлекува голем број излетници.

Вработени во претпријатието вчера, (1 мај) направија обиколка на излетничките места и на посетителите им се поделија вреќи за отпад, со цел да се поттикне одговорно однесување кон природата. Вреќи за ѓубре ќе се даваат и во текот на денешиот ден. Од претпријатието апелираат до сите излетници да го соберат сметот по престојот и да придонесат за зачувување на убавините на овој популарен туристички регион.

Маврово важи за едно од најпосетуваните места за излети за време на празници и викенди, но за жал, често по пикниците остануваат расфрлани отпадоци. Таквата слика не само што ја нарушува природната убавина, туку и придонесува за загадување на животната средина. Каква ќе биде глетката после овој првомајски продолжен викенд и дали граѓаните ќе ги искористат поделените вреќи останува да се види.

Инаку, во пресрет на први мај претпријатието спроведе акција за чистење на кампот во населбата Крстови

Back to top button
Close