(Видео) Џамбазов со концерт по 27 години во Охрид, Министерството за култура не му даде ниту еден денар за поддршкa

Игор Џамбазов прави концерт во Охрид по 27 години, утре, на Античкиот театар. Има уште достапни карти, а од кусата прес-конференција го поздрави Министерството за култура, предводено од неговиот колега Зоран Љутков, за кое кажа дека ниту овојпат не му дало средства за организација на овој настан кој ќе се памети.

„Да се заблагодарам и на Министерството за култура, што не ми даде пари за овој концерт и уште еднаш ме увери мене и вас, дека нѐ бива сами да си организираме концерт“, изјави Игор Џамбазов на денешната прес-конференција во Охрид, најавувајќи го својот настап со „Гуру Харе бенд“ кој ќе се одржи на 19 јули, на Античкиот театар, од 21 часот.

Специјални гости му се Нокаут и Тамара Тодевска. Концертот почнува од 21 часот.

„Ова е прв концерт на Игор Џамбазов во Охрид по 27 години“, додаде тој.

Концертот има 24 точки, а концертот ќе заврши некаде околу полноќ.

„Ќе биде добра забава, ве канам сите кои сте во Охрид и се гледаме таму!“, рече Џамбазов, посочувајќи дека прво имал, па ја изгубил желбата за ваков концерт, а на крај желбата се родила кај неговиот менаџер (skopje1)

Back to top button
Close