Маск најави дека секое дете во САД ќе добие две акции, една од „СпејсИкс“, друга од него лично

Основачот на „СпејсИкс“, Илон Маск, најави дека ќе додели вкупно две акции од компанијата на секое дете во Соединетите Американски Држави. Едната акција ќе биде обезбедена од компанијата, а другата ќе ја подари лично милијардерот.

 

Објавата ја сподели на социјалната мрежа Икс, каде што порача дека сите деца во САД ќе добијат по две акции.

Маск и претходно го најави овој план. Во октомври тој вети дека во 2027 година секое дете во земјата ќе добие по една акција од „СпејсИкс“, но сега најавата ја прошири со уште една акција од неговиот личен удел.

Според податоците што ги објави Си-Ен-Би-Си, Маск поседува околу 4,8 милијарди акции во компанијата. Во САД, пак, на 1 јули 2025 година имало приближно 72 милиони деца на возраст под 18 години.

Back to top button
Close