Кушнер: Постои ќор-сокак околу територијалното прашање и опасност од ескалација во Украина

Американскиот специјален пратеник Џаред Кушнер предупреди на опасност од ескалација на конфликтот во Украина, оценувајќи во интервју за германскиот подкаст „МД Митс“ дека тој се претворил во „војна што се води преку посредници, во која Европа ја финансира и вооружува Украина во борбата против Русија“.

 

– Не е потребно многу за да дојде до сериозно влошување на ситуацијата – предупреди Кушнер, кој заедно со Стив Виткоф води преговори во име на американскиот претседател Доналд Трамп со Киев и Москва, со цел постигнување мир во Украина.

 

Говорејќи за тешкотиите во преговорите меѓу Русија и Украина, Кушнер, кој е и зет на претседателот Трамп, призна дека во моментов постои „ќор-сокак во врска со територијалното прашање“. Тој рече дека таков впечаток стекнале тој и Виткоф по „неколкучасовната средба со рускиот претседател Владимир Путин“.

 

Кушнер укажа и на одредена двосмисленост во односот на Европејците кон Русија.

 

– За време на оваа војна, Европа купила руска енергија во вредност од повеќе од 250 милијарди долари. Сметам дека Европа, всушност, ѝ платила на Русија повеќе пари во текот на војната отколку што ѝ обезбедила на Украина – изјави Кушнер.

Back to top button
Close