Се снима нова верзија на „Ниски страсти“
Како што пренесува The Hollywood Reporter, студиото United Artists заедно со продуцентот Скот Стабер ги откупиле правата за рестартирање на франшизата, иако филмот засега сè уште нема официјален наслов.
Договорот се смета за една од најголемите продажби на филмски права во 2025 година – Amazon веќе платил 2 милиони долари, со можност вкупната сума да достигне и до 4 милиони, доколку филмот навистина се сними.
Во оригиналниот филм, режиран од Пол Верховен, главните улоги ги играа Мајкл Даглас и Шерон Стоун. Филмот ја следи приказната за детектив (го игра Даглас), кој се вовлекува во комплексна и опасна врска со писателка (Стоун), осомничена за убиство на богат музичар.
Во едно интервју од 2018 година за подкастот „Се Случи во Холивуд“ на The Hollywood Reporter, Естерхас изјави дека доколку „Ниски страсти“ се снимал денес, ќе се соочел со сериозни реакции и критики од #MeToo движењето, особено поради сексуалната сцена помеѓу ликот на Даглас и неговата психијатарка, која ја играше Џин Триплхорн.
„Тоа беше груб секс. Но денешните стандарди се многу поразлични“, изјави Естерхас тогаш.
Оригиналниот филм „Ниски страсти“ заработи 352 милиони долари во светските киносали (еквивалент на 811 милиони денешни долари) и беше номиниран за две награди Оскар. Шерон Стоун ја повтори улогата на Кетрин Трамел во продолжението „Ниски страсти 2“ во 2006 година, но тој филм доживеа неуспех на благајните.
Новиот „ребут“ на „Ниски страсти“ се најавува како обид за современо преосмислување на една од најконтроверзните, но и најуспешни еротски трилер-франшизи од деведесеттите.
Извор: trn.mk