Европската асоцијација на универзитети е загрижена поради притисоците врз професорите и студентите во Србија

Управниот одбор на Европската асоцијација на универзитети денеска изрази голема загриженост во врска со актуелните предизвици со кои се соочува високото образование во Србија и посочи на притисоците и заканите со кои се соочуваат професорите и студентите.
Тие ги повикаа сите страни на суштински дијалог и изразуваат надеж дека ќе се најде трајно решение за ситуацијата и дека институционалната автономија на универзитетот ќе биде целосно почитувана.

Во соопштението се наведува дека академскиот живот бил засегнат по масовните студентски протести што започнаа по падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година.

Како пример за притисоците што ги претрпеа универзитетите, беше споменато одбивањето на државно финансирање за оперативните трошоци и новите регулативи што доведоа до намалување на платите на професорите. Европската асоцијација додава дека студентите и професорите што протестираат претрпеле притисок и закани.

„Ова се јасни прекршувања на универзитетската автономија, што веројатно ќе има сериозни последици за универзитетите и поширокото општество. Ограничувањата негативно влијаат врз способноста на универзитетите да соработуваат на меѓународно ниво и ја ослабуваат базата на знаење, попречувајќи ги универзитетите во извршувањето на нивната работа“, се вели во соопштението.

„Промовирањето и заштитата на овие принципи како предуслов за значајна работа на универзитетот е особено клучно во време на немири, кога постои ризик овие принципи да бидат прекршени“, се нагласува во соопштението.

Back to top button
Close