Related Articles
Можеби ќе ве интересира
Close

Според неофицијални информации, инцидентот се случил вчеравечер во центарот на Струмица, а видеото прикажува како вербална расправија преминува во турканица и отворена тепачка на улица.
Ситуацијата ескалира, по што граѓаните што снимале решаваат да се тргнат, стравувајќи за сопствената безбедност.
Покрај снимката, на социјалните мрежи се појавија и коментари кои тврдат дека овој инцидент е кулминација на долгогодишен проблем, поврзан со лица кои вознемируваат минувачи и злоупотребуваат деца во собирање пари и просење.
Во моментот не е познато дали случајот е пријавен во полиција, ниту дали надлежните институции презеле мерки