(ФОТО) Драматично спасување на повреден македонски војник кој се бори со огнената стихија

Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија.

Денеска (27.07.2025) полициски службеници со хеликоптерот на МВР Агуста Бел 212 извршија спасување на повредено воено лице на линијата на пожарот.

Во исклучително тешки услови беше извршено драматично спасување на С.Н. од македонската Армија од првата пешадиска бригада од Штип за време на неговата несебична борба со огнената стихија.

Активностите на полициските хеликоптери продолжуваат се до целосно гасење на пожарите на територијата на целата држава

Back to top button
Close