Го сопреле кај Ресен, ги викнал другарите па ги тепале полицајците
Полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода Б.Р. (26), У.Р. (53), Б.Ј. (23) и Е.Ј.(23), сите од Ресен.
Од Секторот за односи со јавност при СВР Битола информираат дека при вршење на службени дејствија, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат” без регистарски ознаки, управувано од Б.Р. (26) од Ресен, а откако на местото со друго возило пристигнале другите лица, Б.Р. го стартувал возилото и на ногата прегазил еден полициски службеник и удрил во раката друг полициски службеник, по што сите заедно со тврди предмети ги нападнале полициските службеници кои вршеле службени дејствија.
Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.
Од СВР Битола соопштија дека утрово во 02.40 часот, на улицата „Крушевска Република” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.С. (34) од Битола, кај кого при контрола било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,80 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава за „безобѕирно управување со моторно возило”.