Поради пожари за сообраќај затворени регионалниот пат Р1204 во правец Свети Николе – Куманово и ГП Меџитлија
Сообраќајот на регионалниот пат Р1204 во правец Свети Николе – Куманово од 13:30 часот е во прекин за сите видови на возила поради пожар покрај самиот пат, информира АМСМ.
Сите видови возила се пренасочуваат кон автопатот А-4.
Поради пожар, додава АМСМ, од 14:30 часот за секаков вид сообраќај е затворен и граничниот премин Меџитлија