ЦУК: Активни три пожари, под контрола три, 21 изгаснати
Од вкупно 27 пожари на отворено во текот на денешниот ден, се уште активни се три, под контрола се три, а изгаснати се 21, информира вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата со пожарите заклучно со 20:30 часот.
ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Василево, Општина Радовиш и Општина Берово кај с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во Општина Прилеп кај с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (под контрола), друг крак кон с. Градешница (Општина Новаци) и трет крак кон границата со Р. Грција, каде, посочуваат не се интервенира поради детонации. Во Општина Прилеп и Општина Кавадарци помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Општина Прилеп) и селата Галиште и Ќесендре (Општина Кавадарци) гори мешана шума и нискостеблеста вегетација.
Под контрола се ставени пожарите во Општина Карбинци кај с. Јунузлија каде гореше шума, во Општина Делчево кај Градската депонија Острец и во Општина Битола кај тунелот на патниот правец Битола – Ресен каде гореше ѓубре.
Изгаснати се пожарите во Општина Штип помеѓу селата Драгоево и Селце каде гореше нискостеблеста шума, прнар и ниска вегетација, во Општина Македонски Брод кај с. Грешница гореше мешана шума и ниска вегетација, во Општина Македонски Брод помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа гореше деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, во Општина Македонска Каменица кај с. Ќосевица гореше борова шума, во Општина Сарај кај автопат Скопје – Тетово гореше ѓубре и ниска вегетација, во Општина Битола кај с. Долно Оризари гореше ниска вегетација, во Општина Прилеп на ул.„Јоска Јорданоски“ гореше ниска вегетација, во Општина Крушево кај градската депонија кај м.в. Струнга гореше ѓубре, сува трева и нискостеблеста шума, во Општина Струмица: с. Просениково гореше трска, во Општина Гевгелија кај с. Миравци гореа грмушки и ниска вегетација, во Општина Радовиш кај базенот во Радовиш гореа грмушки и ниска вегетација, во Општина Валандово кај с. Јосифово гореа грмушки и ниска вегетација, во Општина Струга: Струга – Калишта гореа трска и ниска вегетација, во Општина Чашка кај с. Оморани гореа грмушки и ниска вегетација, во Општина Росоман кај с. Трстеник гореа напуштени лозови и овошни насади), во Општина Штип кај с. Чардаклија – с. Караорман гореше ниска вегетација, во Општина Делчево кај с. Звегор гореше ниска вегетација, во Општина Куманово кај с. Градиште гореа ниска шума и ниска вегетација, во Општина Куманово кај населбата Баново Трло гореше ѓубре, во Општина Куманово кај населбата Баново Трло, кај Туш маркет гореше ѓубре и во Општина Боговиње кај Рио Компани каде гореше ниска вегетација.