(Видео) СДСМ бара оставка од Клековски: Повторно нема лекови на Онкологија

Според неа, до Нова Година онколошките пациенти ќе треба да чекаат и да бидат без потребната терапија што за нив живот значи.
Ова, како што рече, е загрозување на човечки животи за што директно одговорен е Клековски.
„Пациентите кои веќе поминаа болни циклуси сега се ставени во ризик да им напредува болеста.
Наместо итно решение и обезбедување на лекот, пациентите добиваат порака дека треба да чекаат до Нова година. Ова е целосен распад на здравствениот систем заради криминалните тендери, заради Мицкоски и Клековски. Хаосот што го направи Клековски, го доведува во ризик и здравјето и животот на граѓаните. Организираната криминална група ВМРО и здравјето на граѓаните го гледаат низ призма на тендери и профити врз грбот на народот“.
Радеска додаде дека нема пари за лекови, за апарати, за вработувања, за повисоки плати, ама имаат за нивните партиски тендери.
Побара оставка од Клековски.
„Бараме одговорност за сите кои дозволија животот на онколошките пацинети да биде доведен во ризик.
Бараме веднаш да се обезбеди лекот „паклитаксел“ за сите пациенти на кои им е потребен – без изговори, без префрлање на вина и без нови одложување.
За здравјето на луѓето се работи, и тоа не може да чека“.






