Тројца нападнале татко додека го држел своето дете во раце

Малолетно дете било повредено при физички напад врз неговиот татко во охридското село Пештани.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против тројца битолчани, З.Р. (47), О.Р. (22) и А.Р. (25), поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство врз дете“.

Според информациите на МВР, инцидентот се случил на 23 август годинава, кога тројцата пријавени физички го нападнале Р.Б., кој во тој момент во рацете го држел своето малолетно дете.

При нападот, детето се здобило со телесни повреди.

По брзата интервенција на полициските службеници, осомничените биле пронајдени и лишени од слобода

Back to top button
Close