Пратениците на СНС го напуштија Собранието, заминаа да го поддржат газдата на „Информер

Пратениците на владејачката Српска напредна партија (СНС) утрово ја напуштија собраниската седница и се упатија кон полициската станица во Вождовац, во знак на поддршка на уапсениот сопственик на телевизијата „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ.

Како што пренесува „Нова“, по паузата во собраниската сала останал само српскиот претседател Александар Вучиќ, кој објаснил дека пратениците заминале за да му дадат поддршка на Вучиќевиќ.

Вучиќевиќ е уапсен по наредба на Второто основно јавно обвинителство во Белград, поради сомнение за предизвикување паника и неред во подолг временски период, како и за попречување на правдата.

Веста за апсењето ја соопшти српскиот претседател, кој тврдеше дека Вучиќевиќ е уапсен поради неговата новинарска работа. Пратениците од владејачкото мнозинство ја пречекаа информацијата со аплауз

Back to top button
Close