Фетаи: Жално е што Села и Таравари завршија во скутот на Ахмети

Фетаи вели дека станува збор за кандидати на ДУИ.
„Тој постојано велеше дека Али Ахмети му дава шест општини, но се покажа дека му дал помалку. Му даде четири. Имињата беа познати, знаевме уште од декември-март дека овие имиња ќе излезат, со поддршка на ДУИ. Ова се кандидати на ДУИ, ќе имаат заеднички листи со ДУИ и спојување на Арбен Таравари во ДУИ. Му посакуваме среќа, но гледаме дека неговиот крај ќе биде ист како оној на г-дин Села една година пред него. Жално е што двајцата претседатели на АА завршуваат во скутот на нашиот главен противник две децении по ред“, рече Фетаи.
AA ги објави имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори. Kрилото на Таравари одлучи актуелниот градоначалник Ваљбон Лимани да биде повторно кандидат за Гостивар, а за општина Сарај „ќе трча“ партискиот генерален секретар Блерант Рамадани. За Теарце, кандидат е претседателот на партиското собрание, Назим Таипи, додека за Врапчиште се кандидира Исен Шабани.
Носителите на листите за советници сè уште не се познати, и тоа ќе се одлучува според Таравари на ниво на работни тела со другите партии од опозициската коалиција во албанскиот политички кампус.