Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец
Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдиле за Скопје1 членови на семејството.
По повеќе од 24 часа борба за неговиот живот во чешка болница, тој не успеа да преживее. Лекарите се обидуваа да го спасат откако тој падна од морот во Чешка, од што се здобил со сериозни оштетувања на мозокот. Несреќата се случила вчера околу 16 часот.
Семејството веднаш по несреќата заминало за Чешка, каде со докторите ги разгледувале сите опции за лекување. Душко, по падот, бил во кома и приклучен на апарати