Рекетар е фатен на дело при примопредавање на 165.000 евра


Лице e фатено на дело при примопредавање на 165.000 евра, пари кои биле резултат на долгогодишна изнуда, „објави Прес24“.

Акцијата е спроведена со судски налог, по насока на обвинителството и криминалистичка обработка.

Неофицијално се работи за лица од Арачиново од познатата фамилија Маслани кои беа и поврзувани и со криминалните банди Барон и Беланоца. Полициското присуство во Куманово и Арачиново е видливо, а ова не е само изолиран случај.

Повеќе информации за акцијата се очекуваат во текот на вечерта.

Back to top button
Close